Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: расчистени 18 тешки кражби, приведено лице за агресивно однесување врз полицајци, превентивни активности

На 13.11.2022, полициски службеници од Криминалистичка полиција при СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 23 и 29 години од Битола, и едно лице на возраст од 52 години од село Канатларци, прилепско. Тие се сомничат дека во последните два месеци извршиле 18 тешки кражби во куќи и ормари на мобилен оператор на подрачјето на Битола, при што одзеле разни предмети. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 13.11.2022 на ул. “Даме Груев“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 47 годишник од Битола затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола денеска низ повеќе локации на градот имаа превентивни активности под мотото “Сигурноста и безбедноста на граѓаните –наша обврска“. Полициските службеници во непосреден контакт со граѓаните, пред се оние кои што работат во објекти како аптеки, обложувалници и други објекти ги посочуваа начините и можностите за превенција од имотни деликти, особено нагласувајќи ја потребата од правовремено алармирање и соработка со полицијата преку користењето на бесплатните телефонски броеви 112 и 192. На граѓаните им беа делени и едукативни летоци со базични информации во насока на поголема внимателност и заштита од имотни деликти. 

More from ВестиMore posts in Вести »