Традиционално, како и секоја година така и оваа година, Бимилк организирaше отворен ден по повод Светскиот ден на квалитет. Денес, гости на “Бимилк“ беа студентите од Биотехничкиот факултет во Битола.
Студентите имаа можност да ја обиколат фабриката и од блиску да се запознаат со процесите на производство на млеко и млечни производи, контрола на квалитет и лабораториските испитувања, како и да добијат одговор на сите прашања поврзани со начинот на работа на фабриката.
-Вратите на Бимилк се секогаш отворени за нови посети и пријателства!, порачуваат од компанијата.
[ngg src=”galleries” ids=”1260″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






