Press "Enter" to skip to content

“Стрежево“ – Битола со работна акција во ски-центарот “Нижеполе“ одбележаа 44 години постоење (фотогалерија+видео)

Враб0тените во јавното претријатие “Стрежево“ од Битола денес одбележуваме јубилеј 44 години постоење на претпријатието со работна акција во ски-центарот “Нижеполе“, во која беа вклучено голем број на вработени. Во ски-центарот се постави нов слој на чакал пред чајџилницата до ски-патеката да нема кал, се исчисти ски-патеката од секаков вид отпад, се пребојадисаа канделабрите, се провери и засили безбедноста на електричните инсталации на ски-лифтовите, се уреди чајџилницата и околината, се дотера и детското катче, се уредија приодите кон центарот, а претходно беа средени и масите пред чајџилницата.Директорот Менде Граматковски за денешниот роденден на компанијата и начинот на одбележување рече:-“Стрежево“ одбележува успешни години. Заокружуваме период на искористен голем потенцијал со голем број на инвестиции во модернизација, иновација и знаење. Во време на бројни предизвици и неизвесности, во година на светска енергетска и економска криза, “Стрежево“ максимално ги почитува донесените мерки за заштеда на енергетска и топлинска енергија од страна на Владата, и ги презеде сите неопходни мерки за организирање на процесот на работа во услови на минимално трошење и максимално штедење. Задоволни сме од постигнатите резултати во изминатите пет години од работењето на претпријатието. Ја избравме оваа локација за одбележување на јубилејот како култно место каде што многу наши сограѓани тргнале во освојувањето на снежните белини. Ски-центарот “Нижеполе“ е симбол на скијачка традиција, планински бисер на топлата страна од Пелистер.

За тоа што денес “Стрежево“ е за Битола додаде:-“Стрежево“ денес е докажан бренд со јасна визија за развој. Континуираниот раст од година во година е пред се резултат на големата професионалност на тимот, но и на довербата која ја добиваме од граѓаните. Тоа ни дава за право да заклучиме дека добро сме сработиле до сега, но и не обврзува да бидеме уште подобри во годините што следат. Во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам на сите генерации членови на големото семејство Стрежевци за посветената работа и напорите вложени за непречено одвивање на процесите.  Главни приоритети на “Стрежево“ и понатаму ќе останат обезбедувањето чиста животна средина и заштита на водните ресурси, вложување во деталната цевководна мрежа, Главниот канал, Собирниот канал, модернизација на хидроцентралите и секако капиталната инвестиција, изградбата на новата фотоволтаична централа која се надевам дека до крајот на оваа година или почетокот на следната ќе започниме со нејзина изградба, а за и како понатаму го гледа равојот на компанијата рече:-Кога сме кај инвестиционите вложувањата во ски-центарот, истите претставуваат вистински доказ дека Стрежево придонесува во развојот на спортот како исклучително значаен општествен сегмент. Се надевам дека во нареден период ќе се обезбедат финансиски средства и ќе се инсталира толку посакуваниот систем за заснежување на ски патеката. Тенденција е во нареден период хидросистемот “Стрежево“ како најголем и најсовремен хидросистем во државата да го задржи и надогради овај примат.На крај на сите сегашни и поранешни вработени Граматковски им го честитам роденденот на хидросистемот со желба за личен успех и успех на претпријатието, секако со поздравот: Честит роденден Стрежевци!

More from ВестиMore posts in Вести »