Проф. д-р Николче Јанкуловски, редовен професор од Факултетот за биотехнички науки – Битола, избран е за претседател на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Заблагодарувајќи се за едногласната поддршка, тој ја истакна определбата за координирана работа, обезбедување кохезија меѓу Универзитетскиот сенат, Управата и студентите, нопходни за јакнење на капацитетите на УКЛО, зголемување на видливоста и постигнување на целите на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.
Инаку, постапката за избор на Претседател на Сенатот ја спроведе Изборна комисија, со тајно гласање, на 207. седница на Универзитетскиот сенат, на која присуствуваа најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Сенатот на УКЛО.
Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот. Вршењето на должноста Претседател на Сенатот е неспоива со вршење на друга државна функција или функција во политичка партија.
Мандатот на претседателот на Универзитетскиот сенат е една година.

Проф. д-р Николче Јанкуловски нов претседател на Сенатот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина
- СВР Битола: пронајдено починато лице – телото дадено на обдукција, нарушен јавен ред и мир
- Во Битола се одржа роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија
- Денес 17. седница на Советот на Општина Битола, на дневер ред 38 точки
- Во Битола променливо облачно, температурата до 14 степени





