Во рамки на одбележувањето на 8 Декември, Патронатот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, денес на пригодна свеченост промовирани сe доктори на науки на УКЛО.Промовирани се 13 нови доктори на науки и тоа: 2 доктори по образовни науки, 1 доктор на науки од областа на надареност и талентираност, 2 доктори на науки од областа на туризмот, 2 доктори на науки од областа на индустрискиот менаџмент, 1 доктор на правни науки, модул Меѓународно право и политика, 1 доктор на правни науки-модул Меѓународно право и политика, 1 доктор на науки од областа на информатика и компјутерска техника, 3 доктори на биотехнички науки. Покрај раководството на УКЛО, на чинот на промоција присуствува декани од единици на УКЛО на кои се одбранети докторските трудови и најблиски членови од семејствата на новите доктори на науки.Настанот се одржа во Салата за состаноци на Ректоратот во комплексот Касарни – Битола.
Со најновата промоција, на УКЛО до денес докторирале 425 доктори на науки.