Летна вечер како создадена за свеченото отварање на летната тераса на хотел “Епинал“, која веќе го доби името тераса “Широк Сокак“, која се наоѓа во центарот на најградската улица, во центарот на Битола.

Големиот број гости кои беа поканети и дојдени на свеченото отворање на терасата, беа одушевени од прекрасниот амбиент кој е современо уреден и кој сигурно ќе биде едно од местата каде што ќе може да се ужива во летните вечери.

Терасата е покриена и наоколу со цвеќиња во најразлични бои кои го надополнуваат изгледот, а “водениот ѕид“ е дел кој “паѓа во очи“ уште на влезот, кој за свеченото отворање беше прекрасно уреден со балони кои беа надополнети со цвеќиња.

Од терасата може да се види цел Широк Сокак, а боите веќе се препознатливи и за минувачите, кои не можат, а да не ги забележат нијансите кои ги нуди соврмененото осветлување.

Гостите можеа да уживаат и во добрата храна, која беше извонредно аранжирана од страна на докажаните мајстори на својот занает, куварите на “Епинал“. Храната се надополни со големиот избор на вина од различни производители за љубителите на добро вино, а се разбира гостите на отворањето беа послужени и со многу други видови на алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Музиката која ја дополни убавата атмосфера беше жива свирка на групата “Поп Арт Бенд“ и нивната предгрупа.
Ж.Ристевска

Отворена терасата “Широк Сокак“ на хотел “Епинал“ (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: започна изградбата на пругата Битола – Меџитлија, сега изградена, за жал не е во функција (фото)





