Press "Enter" to skip to content

Стартува “Локум фест“, а локумот дел од нашата традиција и фолклор, ритуален миг на уживање и хедонизам (фотогалерија)

Вечерва во Старата битолска чарпија, пред кафулето “Бар Чаршија“ стартуваше 12. издание на фестивалот на музиката и традицијата со оригинално име “Локум-фест“ со изведбите на гостите од Бугарија, од градот Варна, групата “Морски перли“, а по нив настапија македонско-турскиот ансамбл “Балканатолија“ и битолчаните кои ја сочинуваат група “Чалгија мерак“.

Локум фест традиционално секоја година се организира во Стара Битолска Чаршија да не потсети на едно време, на традиција, кое буди романтични сеќавања и чувства и еден ритуал на пиење кафе, сервирано на тацна со локум, како десерт за задоволство и еден ритуал.

Самиот збор локум или изворно “рахат локум“ има потекло од арапски збор кој има значење “задововолство за грло“. На овие балкански простори го донеле Турците кои го правеле овој десерт уште од 15 век. Тој е еден вид на десерт кој се добива од оризово и скробно брачно со шеќер. За добивање на различните видови на локум се користат најразлични додатоци како сокови, преливи од чоколадо, павлака потоа ореви, фстаци…

И заради тоа има најразлични видови и вкусови кои доаѓаат од Турција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Србија и во Македонија. Со тоа „ рахат локумот“ станал дел од фолклорот на овие земји. Имено нивните народи го имаат како ритуал при пиење на кафе каде на тафта заедно со кафе се служи и локум и тоа претставува ритуалем миг на хедонизам.

Заради тоа и останало тоа романтично сеќавање на едно минато време кога така се пиело кафе во Битола. Со “Локум фест“ се врежаат спомените на тоа време и сето тоа е надопполнето со презентација на различни видови на локум и производители кои тука излагаат. Посетителите можат да се почестат и да купат од изложеното. При тоа да уживаат и во музиката која се вклопува во амбиентот и времето кое сака да се долови. Тоа е староградска музика.

Утре главни ѕвезди на “Локум фест“ ќе бодат добро познатите “Баклава“ и гостите од Словенија групата “Ентузијазам“, а третата вечер, пак, ќе помине во знакот на “Вевки чалгија трио“ и гостите од Индија – “Тапи проџект“.

„Локум-фест“ е во организација на здружението на Центарот за културна деконтаминација – Битола, и е во рамките на битолското културно лето „Бит-фест“.

Ж. Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »