По назначувањето проф. д-р Светлана Вељановска за декан на Правниот факултет, вчера беше комплетирано новото раководство на оваа високо образовна институција.
На седница на Наставно научниот совет на Правниот факултет е комплетирано раководството на истиот, односно се избрани тројца продекани, и тоа:
-Продекан за настава, доц. д-р Ивона Шушак Лозановска,
-Продекан за наука и меѓународна соработка, вон. проф. д-р Ангелина Станојоска и
-Продекан за развој и институционална соработка, вон. проф. д-р Ице Илијевски.