Денес на споменикот Руски крст кој се наоѓа во Градскиот парк во Битола беше одбележан Денот на Руската дипломарија, а на одбележувањето присуствуваше амбасадор на Руската Федерација Сегеј Александровиќ Баздникин, како и амбасадорот на Република Кина – Чжан Цзо. На Рускиот крст кои се поклонија и дугите присутни на споменот на Александар Аркадиевич Ростковски, руски конзул во Битола, кој во 1903 година беше убиен токму на ова место.
Одбележувањето на Денот на руската дипломатија започна со панихида за Александар Аркадиевич Ростковски, со која чиночалствуваше Владиката Преспанско Пелагониски – Петар, кои по завршувањето и им се обрати на присутните.
Свое обраѓање имаше и амбасадор на Руската Федерација Сегеј Александровиќ Баздникин кој први ги поздрави присутните и рече:
-Денес вработените во руските дипломатски претставништва ширум светот, прославувајќи го својот професионален празник, му оддаваат почит на споменот на нашите извонредни претходници. Меѓу нив е и рускиот императорски конзул Александар Ростковски, кој бил убиен во Битола во август 1903 година, кога заедно со својот пријател Крсте Мисирков се враќал во градот од манастирот „Свето Преображение Господово“ во селото Буково. Споменикот „Руски крст“, подигнат во чест на конзулот кој ги поддржуваше христијаните на Македонија во борбата за слобода и несебично ја извршуваше својата службена должност, е јасна потврда дека неговата личност и резултатите од неговото дело остануваат во меморијата на македонскиот народ.
Познато е дека крстот бил подигнат двапати. Првиот пат – во 1936 година, но беше демонтиран по Втората светска војна. Во 2003 година, споменикот беше подигнат повторно – по повод 100-годишнината од смртта на Александар Ростковски.
-Денес односите меѓу Русија и Северна Македонија минуваат низ тежок период. Ова не е наш избор. Руската страна се придржува до недвосмислен став – ние не се мешаме во внатрешните работи на вашата држава и немаме намера да го правиме тоа, не преземаме никакви чекори во форма на наводни хибридни закани, за кои неосновано сме обвинети. Се разбира, ние ќе одговориме на непријателските дејства – на основа на реципроцитет, но секогаш на избалансиран и, доколку е можно, симетричен начин, додаде Сегеј Александровиќ Баздникин.
Потоа делегациите положија цвеќе на споменикот Руски крст во Битола.

Со панихида за Ростковски и полагање на цвеќа на Рускиот крст во Градскиот парк одбелан Денот на руската дипломатија (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени
- Битолчанка измамила лице од Тетово да и даде лична карта и трансакциска сметка, а потоа му подигнала брз кредит
- Злато за Даниел Зхоу Главевски, студент на УКЛО Битола на Државното Универзитетско Првенство во пинг-понг 2025
- Претседателот на ФФМ во посета на Битола: Сѐ мора да биде совршено за Македонија – Италија У21