Пред завршниот турнир на Купот на Македонија во кошарка, кој започнува утре во Скопје и ќе трае до недела, кошаркарите од КК Пелистер АД Битола, ја посетија општината, каде имаа средба со градоначалникот Тони Коњановски. На средбата се разговараше за високите резултати кои ги бележи клубот од Битола како второрангиран во првата кошаркарска лига со што е многу блиску до лидерска екипа во првенството.
Градоначалникот Коњановски, честитајќи им на кошаркарите за досегашните резултати им посака многу успех на Купот на Македонија „БЛАГОЈА ГЕОРГОЕВСКИ – БУШТУР“ 2023, каде првиот кошаркарски натпревар во четвртфиналето, екипата на Пелистер ќе го одигра утре во 17:00 часот, против Еуро Никел 2005 од Кавадарци.
-Ви посакувам победи и високи резултати, кои ќе бидат радост, но и гордост за сите нас како битолчани, затоа што на спортска Битола, навистина и доликуваат високи достигнувања во професионалниот спорт, што истовремено е дополнителен мотив и за младите генерации, спортски да се развиваат и да напредуваат. СРЕЌНО!, нагласи градоначалникот на крајот од средбата со кошаркарите од КК Пелистер АД Битола.

Кошаркарите пред Купот на кафе кај градоначалникот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина





