Преставници од здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ присуствуваа на состанок во Ниш – Србија, во рамки на проектот „Дигитална инклузија на возрасни Роми: Стекнување на знаења и вештини за користење на еУслуги/Digital Inclusion for Roma Adults: Gaining Knowledge and Skills in eServices – DIRA“.
На состанокот учестуваа партнерските организации од Финска, Македонија, Италија и Србија. За време на состанокот се презентираа резултатите од општиот прашалник за сите земји учеснички како и националните прашалници за секоја земја учесник, кои имаа за цел да ги истражат потребите и состојбата на Ромските заедници во областа на дигиталните знаења и вештини.
Професорите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, проф. д-р Никола Рендевски, проф. д-р Андријана Боцевска и проф. д-р Моника Марковска ја образложија плаформата за учење ДИРА, по што следуваше дискусија за тоа што треба да содржи според резултатите добиени од прашалниците. Проектот е кофинансиран од Европската унија преку Еразмус + програмата, а го координира финската фондација Деаконес.

Претставници на “Сумнал“ ги презентираа резултатите од прашалникот од проектот “ДИРА“ во Ниш
More from ВестиMore posts in Вести »
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина





