Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ во февруари санирал 80-тина дефекти, контролирани 140, а поправени 8 затворачи

Од ЈКП “Водовод“ известуваат за теренските активности на ова јавно општинско претријатие за одржување на водоводната мрежа во Општина Битола за месец февруари 2023, за што велат:

-Изминативе денови, екипите на ЈКП “Водовод“ Битола, спроведоа 80-тина санации на дефекти на повеќе локации во Општина Битола. Исто така формиран е тим кој врши контрола на функционалноста на затворачи (шибери) од различен обем. Извршена е контрола на 140, од нив 8 беа неисправни и истите се ставени во функција, со што се реализира и програмата за проверка и санација на овие важни елементи од мрежата на ЈКП Водовод- Битола, а со тоа се намалува прекинот на водоснабдувањето при интервенции или дефекти.

Исто така, активно се работеше на редовните активности околу оддржувањето на водоводната мрежа, со цел квалитетно и непрекинато водоснабдување во нашиот град.

More from ВестиMore posts in Вести »