Во Офицерски дом во Битола, во чест на празникот на жените и одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка се држа конференција “Од Естер до Естер , за храброста на жените“. Конференција е во организација на “Wekibutz – Netaim“.На конференцијата учествуваа голем број делегации од Израел со преку 140 делегати/учесници. Помеѓу нив и Г-ѓа Мирјам Перетз која беше кандидат за Претседател на Израел, градоначалници од ja Бат Ури Бускила (Bat Uri Buskila) и од регионални општини во Израел Офир Липштаин (Ofir Lipstein).
Истотака присутна ќе биде и Генералниот директор Шири Мадар (Shiri Madar), како и Претседателот на здружението за културното наследство на Евреите од Битола, во Израел Др. Шели Леви Друмер.
На конференција синоќа просустуваа градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, ректорот на УКЛО Битола – проф. д-р Игор Неделковски и други битолчани.
На конференцијата со своја делегација ќе бидат присутни и специјална екипа на фотографери од лица со посебни потреби од организацијата „Келим Шлувим“.
Првата Естер е еврејска кралица од персискиот период од пред 2000 г, а втората Естер, е Естерја Овадија Мара, еврејка и партизанка од Битола, која загина 1944 г. и е призната за народен херој.
Конференцијата е поддржана од Еврејската организација „Histadrut zionit”, како и од Министерството за социјала на државата Израел.
По рамките на програмата на конференцијата , вечерва во Свечената сала на Офицерски дом во КИЦ Битола ќе се оддржи концерт на познати пеачи од Израел; Шаи Аврамсон,Сара Ароести – ладино пеачка од САД, Хелена Суша – Скопје, Македонија.

Конференција “Од Естер до Естер, за храброста на жените“ со 140 делегати во Офицерски дом (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола го објави списокот на лица кои добија субвенции за клими, поднесени 575 апликации, добиле 134
- СВР Битола: физички напад врз 55 жена со остар предмет, тепачка во Велушина
- Општина Битола: ќе се забрани паркирање од “Дрвеното мовче“ до “Ленски мост“
- ЈП “Стрежево“ Битола со нов договор со Владата за користење на рибите и другите водни организми за риболовно подрачје “Стрежево”
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 23 степени