Ротари Клубот Битола Широк Сокак во соработка со Регионалната Стопанска Комора Битола ја продолжуваат својата соработка преку Битола Бизнис Форум.Во рамките на форумот, во хотел “Епинал се одржа еднодневен семинар со наслов: “10 начини да (не) ја убиете својата компанија“. Гостин предавач на семинарот беше д-р Звездан Хорват, директор на Адижес Институтот во Нови Сад.
-Почнувајќи од секторот здравство преку млекопреработувачката индустрија до металуршко-техничката индустрија. Воедно имаме присутни професори, студенти, сопственици, управители на бизниси, буквално го опфативме секој сектор и наидовме на голема заинтересираност кај нашите граѓани и тоа особено ме радува, бидејќи Битола го заслужува тоа, рече на почетокот на Билјана Врцал Ванчевска, претседателката за ротаријанската 2022/2023 година на Ротари Клубот Битола Широк Сокак, која меѓу другото го истакнувајќи го делувањето на клубот преку несебично волонтерско делување, во чија основа лежи ротаријанското мото: „Служба над сопствените интереси“ и додаде:
-Целта на овај семинар е учесниците да се стекнат со нови знаења, вештини од Исак Адижес методологијата, кои ќе можат да ги применат во своите компании, односно лидерите во тие компании ќе научат едни нови алатки за поттикнување на ресурсите во нивните компании за поттикнување на потенцијалите и исто така раст и развој на динамичните компании.
Д-р Звездан Хорват има повеќе од 25 годишно искуство во имплементација на Адижес методологијата во организации низ целиот свет, од конгломерати на семејни компании па се до непрофитни организации. Работи како консултант (организациски терапевт) на Адижес институтот и служи како Фазен мајстор во двете најважни Адижес фази- структура и одговорност. Неговата докторска теза е посветена на развојот на модел за одредување на фазата на животниот циклус на организацијата. Автор и коавтор на повеќе од 50 статии за организациски развој и уредник на повеќе книги за менаџмент.
Во времетраење од 3 часа, тој се осврна на клучните аспекти на организациското работење и организацискиот развој.
Целта на еднодневниот семинар беше да им се овозможи на учесниците да се стекнат со знаења и насоки за успех на компаниите согласно Адижес методологијата, која овозможува системска рамка за одржлив развој на организациите, кои делуваат во особено динамично опкружување. Адижес методологијата овозможува алатки со чија помош менаџерите може да се фокусираат на промените, активирајќи ги сите потенцијали на индивидуалецот и организацијата.
Во неговото предавање, д-р Звездан Хорват истакна:
-Овде е како да ја убијат својата компанија, па потоа нека видат што ќе прават. Едниот од начините е да работат се самите. Да не прават среден менаџмент, да направат се, секаде да се мешаат, да го работата и големиот менаџмент и без проблем ќе ја убијат компанијата. Претприемачкиот дух практично покажува колку си ти проактивен а не да бидеш изненаден. Претпријатието е човек кој гледа низ маглата а не чека маглата да се раскрене кој за состојбата со бизнисите во ова актуелно време, време на енергетска и економска криза додаде:
-Кога кај нас било добро? Кој вели дека некогаш било добро, што значи дека секогаш е нормално. Значи основното е дали си доволно флексибилен, дали имаш паметни луѓе, дали имаш добри луѓе, дали можеш да излезеш на некои други пазари, тоа секогаш беше. Тоа што сега е економската криза е само еден нов вид на некој проблем, бидејќи основното е дека најдобри се оние фирми кои најдобро ги решаваат своите проблеми, а не затоа што се среќни, односно под среќна ѕвезда родени. Значи најдобри се, затоа што најдобро ги решаваат проблемите и треба да учат апсолутно, бидејќи како мислат поинаку. Не е исто да имате фирма со три луѓе и фирма од 50 луѓе или од 500. Тоа се се различни работи. Ако не научиш, кој ќе учи наместо ти.
На форумот, присутните ги поздрави претставник од Регионалната Стопанска Комора, Никола Димковски, истакнувајќи ја подготвеноста за поддршка на настани од ваков вид.

“10 начини како да (не) ја убиете сопствената компанија“, еднодневен семинар со д-р Звездан Хорват од “АДИЖЕС“ инстутутот (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени
- Битолчанка измамила лице од Тетово да и даде лична карта и трансакциска сметка, а потоа му подигнала брз кредит
- Злато за Даниел Зхоу Главевски, студент на УКЛО Битола на Државното Универзитетско Првенство во пинг-понг 2025
- Претседателот на ФФМ во посета на Битола: Сѐ мора да биде совршено за Македонија – Италија У21
- СВР Битола: семејно насилство и агресивно однесување кон полицајци, физички напад, нарушување на јавниот ред и мир