Почетокот на акцијата за оформување на заштитна зона со високостеблеста шума и рекултивација на површински коп и одлагалишта за јаловина и депонијата за пепел, го означија вработени во Службата за техничка сигурност на РЕК Битола и волонтери од Здружението за доброволно младинско работно ангажирање “Волонтери Пелистер” од Битола кои денес посадија багреми под одлагалиштето за пепел.
Во рамките на акцијата за засадување на 150.500 садници, планирано е околу РЕК “Битола“ да се засадат 70.000 садници на јасен, 80.000 садници багрем и 500 тополи!
–Остануваме посветени на грижата за животната средина, порачуваат од РЕК “Битола“.

РЕК “Битола“ започна со засадување на 150.500 садници околу комбинатот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат





