Низ Широк Сокак, низ Битола, низ школските дворови преполно со деца маскирани во Wednesday, Хари Потер, Бетман, Супермен, принцези Снежена, Бел… гусари, пирати, пеперутки, роботи сето тоа средено со имагинацијата и креативноста на родителите, на радоста на децата децата им немаше крај. Добро е макар за еден ден да се биде во кожата на својот лик од книга -приказни, бајки, стрипови, цртани филмови, мјузикл…
Денеска е светски ден на шегата, 1 април кој се одбележува веќе со векови наназад, со неизбежното „априлили”. Овој ден во Македонија исто така се прославува и со маскенбал, кога сите се маскираат, облекуваат во костими и маски на суперхерои и ликови од бајки, приказни, филмови, стрипови…
Традиционално маскирани учници од основните училишта во Битола по повод 1 ви Април дефилираат по Широк Сокак. Оваа година ден претходно, најпрво во своето училиште, училница, двор меѓу своите ученици, потоа како и секоја година по Широк Сокак каде продефилираа најразлични маски и костими.
Секој со глума и однесување на ликот кој се претставува. Така макар и за еден еден секој може да се најде маскиран како својот омилен лик и да се пренесе во еден чудесен свет на фантазџијата оддалечувајќи се од секојдневната реалност.
Wednesday, Хари Потер, Бетман, Супермен, принцези Снежена, Бел…гусари, пирати, пеперутки, роботи сето тоа средено со имагинацијата и креативноста на родителите, на радоста на децата децата им немаше крај. Добро е макар за еден ден да се биде во кожата на својот лик од книга -приказни, бајки, стрипови, цртани филмови, мјузикл…
[ngg src=”galleries” ids=”1431″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]






