АД ЕСМ и ЕСМ Топлификација Битола очекуваат целосна поддршка и соработка од Општина Битола во процесот на изградба на топловодниот систем низ Битола, порача генералниот директор на компанијата, Васко Ковачевски на денешната средба со првиот човек на Општина Битола, Тони Коњановски.
Ковачевски и директорот на ЕСМ Топлицикација Битола, Горан Козаров, го запознаа градоначалникот Коњановски со деталите од проектот за изградбата на мрежата на топловодот низ градот. Топлификацијата ќе стигне до 35 институции под државна и локална надлежност и тие имаат обврска само да ги подготват сопствените инсталации да ја примат топлата вода. Сите трошоци за спроведувањето на топловодот до објектите, како и изградба на топлоизменувачи во секој од нив, се на товар на АД ЕСМ. Системот треба да биде ставен во функција во текот на грејната сезона 2025/2026 година. По завршувањето на оваа фаза од изградбата, останува отворена можноста на топловодот да се приклучат и индивидуални и колективни станбени згради.
Со цел навремена подготовка на објектите, на средбата беше договорено формирање на координативно тело во кое ќе бидат вклучени стручни лица од двете страни што ќе обезбеди побрза и поефикасна реализација на проектот, во интерес на битолчани. Вкупната вредност на проектот Топлификација на Битола, Новаци и Могила изнесува 46 милиони евра од кои 39 милиони евра се средства од KfW банка, а 7 милиони евра се сопствени средства на АД ЕСМ.

АД ЕСМ и ЕСМ Топлификација Битола и Општина Битола договорија формирање на координативно тело од стручни лица од двете страни
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат





