Со подршка на “Rihter Gedeon“ под мотото „Каде сме и каде одиме“, се одржа симпозиум во Блед, Словенија, каде се зборуваше за перспективите на Ин Витро оплодувањето и имплементирањето на законот во различни земји.Прим. д-р Таше Трпчевски од Болница Плодност – Hospital Plodnost од Битола и м-р д-р Татјана Гуружанова од “Њу борн клиник“, имаа предавања и учествуваа во панел дискусијата за нашите искуства во Македонија, законот и третманот на ивф пациентките, со акцент на примената на личните искуства со Бенфола и слични на неа гонадотропни хормони.-Јас и колешката Гуружанова достојно ја презентиравме нашата држава и мислам дека според резултатите, Македонија треба да се гордее со нашите резултати, компарирано со резултатите на другите држави, рече по враќањето од Словенија прим. д-р Таше Трпчевски.
Прим. д-р Таше Трпчевски со предавање на симпозиумот за перспективите на Ин Витро оплодувањето во Блед, Словенија
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)