Press "Enter" to skip to content

Вечерва интернационална вечер на “Илинденски денови“

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ вечер ја има последната вечер на Ракометното игралиште, а ќе има интернационална вечер на музика и игра на странските ансамбли.

Први ќе настапат фолклорната група од Зегоцин-Полска, потоа следуваат КУД “Коста Абрашевиќ“ од Краљево-Србија, Хрватското културно друштво од Шид, фолклорниот ансамбл “Снутки“ од Потарзица-Полска.

Битолчани и нивните гости уште ќе ги видат и КУД “Прва петтолетка“ од Трстеник-Србија, фоклорниот ансамбл “Матија Губец“ од Карловац-Хрватска, фолклорната група од Искеле-Северен Кипар и ансамблот за песни и игри од Лорка-Шпанија.

Вечерва настап ќе имаат и битолските “Илинден“ и “Гоце Делчев“.

More from БитолаMore posts in Битола »