Press "Enter" to skip to content

“Трициклото“ кафе-шемата во вечерните часови ја пресели во Градскиот парк (фото)

Деновиве можевме да видиме интересно подвижно мини-кафуле во вид на трицилк со романтичен, рустилакен изглед. Името “Трицикло“ целосно вклопено со изгледот. Оригиналанта идеја ја поздравуваме и се разбира и каде ќе ја најдете, ако не во градскиот парк.

Многубројните луѓе кои шетаат, возат велосипеди или се рекреираат можат да се освежат со пијалоците што ги нудат од “Трицикло“. А тоа се повеќе видови на кафиња, цеден сок од портокали и за сладокусците свежо подготвена палачинка со додатоци по желба на муштериите. Секој може да најде пијалок по свој вкус било да е кафеџија или да води здрав живот.

Амбиентот на паркот во летните ноќи ќе го направи вкусот незаборавен. Се разбира и сето тоа интересно ќе ви ги декорираат од “Трицикло“.

Интересна идеја за бизнис секогаш може да прерасне во сериозен бизнис, и во иднина им посакуваме да видиме и повеќе трицикли кои ќе продаваат на повеќе места низ Битола, не само кафе туку и други производи. Тоа му го посакуваме и на младите студенти, ентузијасти од “Трицикло“ кои рекоа дека се многу задоволни од работата.

Се надеваме дека ова може да биде поттик за младите со други интересни идеи за бизнис во Битола, поттикнати со најразновидни проекти, бидејќи тој што сака да работи може тоа да го направи и тука во Битола.

Ж.Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »