Со едноминутно молчење и звук на сирена, денес во Битола, пред Клиничката болница започна денешниот протест на битолчани, кој е трет по ред “Правда за Јана“, а како рекоа просутните и за починатото новороденче пред некој ден.
Игор Петковски организатор на протестот и сите учесниците порачаа дека недозволливо е во напредна медицина да се случуваат грешки, кои ќе бидат причина за големи човечки трагедии.
Битолчани побараа јавно соопштување на причините за двете трагедии што се случија во ЈЗУ Клиничка болница „Др Трифун Пановски“-Битола, а Петковски рече:
-Како што рековме на двата протести на плоштадот “Магнолија“ во Битола алармот е вклучен за состојбите во битолската болница, бидејќи недозволиво е во 21. век со толку напредна медицина, на ваков начин да заминуваат нашите најмили. Со звукот на сирената и минута молк во чест на Јана оддаваме почит за прераната смрт на сите дечиња што ја доживеале судбината на Јана. Оставката нас ништо не значи, а сметаме дека инспекцијата не треба да доаѓа само кога се случуваат трагедии, туку постојано. И покрај тоа што помина толку време од смртта на Јана, се уште не се утврдени причините за смртта, обдукцијата не е објавена, а тоа ни дава право да се сомневаме дека нешто не е во ред.
–Ние Јана не можеме да ја вратиме меѓу живите, но нема да се откажеме додека не се утврди вистината за нејзината смрт, бидејќи на тој начин ќе можеме да спасиме други невини животи, за да не ги снајде иста судбина, беше речено на протестот.

Со сирена и минута молк мирен протест на битолчани пред Кличка болница (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола





