Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против 61 годишно лице од село Црнобуки, битолско, поради основано на сомнение дека сторил кривично дело по чл. 190 од Кривичниот законик.
Тој се сомничи дека на 11.04.2023, пред малолетници, се самозадоволувал на јавно место во селото.
На 61 годишникот му е одредена мерма притвор до 30 дена, информираат од СВР Битола.