Денес, сабота, 22 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управта за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 17 степени.
Утре, недела, 23 април, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 19 степени.