Во организација на УКЛО, Македонско-американската алумни асоцијација и УСС УКЛО се одржа работилница на тема ,,Денес волонтер/волнотерка,утре лидер/лидерка, во рамки на проектот кој МААА го реализира на четири државни универзитети, во СИЦ на УКЛО. Целта е да се поттикне волонтерството помеѓу младите, да се промовира ставот дека волонтирањето не е работење без пари, туку давање приодонес за подобро општество.
Верица Јорданова, претседател на Македонско-американската алумни асоцијација, нагласи дека со проектот треба да се поттикнат воннаставни активности за студентите и учениците, за да се стекнат со знаења и вештини кои не се опфатени во наставните програми.
Проректорката за студенстки работи на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска истакна дека освен промоција на волонтерството, проектот има и втор столб – промовирање на Студентскиот клуб за одржливо живеење на УКЛО, за чие уредување е добиена донација од МААА.
Станува збор за друштвена игра за поттикнување на одржливиот развој меѓу младите и студентите. Проектот ќе продолжи со одржување на други работилници и промоција на Студенсткиот клуб за одржливо живеење.

Одржана работилница “Денес волонтер/волнотерка, утре лидер/лидерка“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола





