Ученици од неколку паралелки од 8 и 9-то одделение од ОУ “Елпида Караманди“ од Битола денешниот ден го поминаа активно на Неолица, како своевидно училиште во природа. Повод беше празнувањето на патрониот празник на училиштето, а се одржа и марш, историски час и посета на местото на загинување на Елпида, каде е спомен плочата и полагање цвеќе.
Десетиците основци, предводени од своите наставници од различни предмети саботниот ден, иако слободен од настава, го проведоа со бројни активности и дружење кое заменува неколку “работни“ училишни денови, а од училиштето додаваат дека на децата им требаат што повеќе вакви настани во природа, каде ќе поминуваат повеќе време и ќе имаат непосредно дружење.
Секоја пофалба за комплетниот состав, и наставници и ученици чија насмевка и ведрина на нивните лица “зборуваа“ повеќе од било каква изјава. Да веруваме дека овој убав пример за другарување со и во природата ќе го следат и други училишта од Битола и останатите градови на Македонија.

Училиште во природа на Неолица (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола





