Благодарение на здружението “Дојде види и ужувај“ од Битола во рамки на проектот “Да го запознаеме Националниот парк Пелистер“, група Роми предводени од туристичкиот водич, Горан Пинза имаа можност да уживаат во прекрасните глетки.
Пинза им објасни на учесниците дека Баба Планина која се наоѓа во југозападниот дел на нашата држава, лоцирана неколку километри западно од Битола. Често се нарекува и Пелистер, иако тоа е само името на нејзиниот највисок врв. За тоа дека постојат две легенди прврзани со името Пелистер и дека во 1948 година, поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели на планината Баба, еден нејзин дел со површина од 12.500 хектари, е прогласен за национален парк. Најзаслужен за добивањето на статусот национален парк е петтоигличниот бор, молика, што го открил австрискиот ботаничар Аугуст Гризебах во 1839 година.