И годинава наместо две средби во дворот на црквата “Св. Богородица“ во село Трново, Битолско, по обединувањето, се одржа една Семакедонска средба во организација на Матицата на иселениците од Македонија и Светскиот македонски конгрес во соработка со здруженија на граѓани од егејскиот крај.

На оваа средба говорници беа Архимандритот Никодим Царкњаз од Пожарско, Грција, кој ги прозва пратениците од власта кои имаа потекло од Егејскиот дел на Македонија и гласаа за договорот со Грција, дека тоа е срам за нивните дедовци што се закопани во тој дел на Македонија.

Потоа традиционално на оваа средба зборуваа Иван Џо Петрески, претседателот на Матицата на иселениците и Тодор Петров претседател на Светскиот македонски конгрес.

Тодор Петров рече дека неприфатливи се потпишаните договори меѓу Република Македонија и Република Бугарија и меѓу Република Македонија и Република Грција, како и одлуката за референдум што ја донесе Собранието, а Иван Џо Петрески истакна дека нивната организација нема да остане изолирана од актуелните општествено-политички состојби.

Сите говорници имаа и пораки за обединување на македонците, но истакнаа и порачаа и дека се против промена на уставното име Македонија.

На народниот собир зборуваше и Александар Поповски поранешен претседател на Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија.

На семакедонската средба во село Трново беше приредена настапи и КУД “Гоце Делчев“ од Битола и други естрадни уметници, дворот на црквата беше исполнет со посетители, а најмногу беа иселеници од прекуокеанските држави.

Традиционална семакедонска средба во дворот на црквата “Св. Богородица“ во Трново (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“





