ЈКП “Водовод – Битола”, заедно со јавните комунални претпријатија “Комуналец“ и “Нискоградба“ денеска отвораат втор наплатен центар за граѓаните од општина Битола.Во наплатниот центар граѓаните ќе можат да ги плаќаат своите сметки за вода, сметките за Нискоградба и комуналните сметки без провизија, и благовремено ќе можат да бидат информирани за состојбата на своите комунални сметки и услуги.
Исто така, во новиот наплатен центар во “Нов пазар“ граѓаните ќе можат да бидат информирани за сите поволности на своите услуги кои ги нудат трите комуналните претпријатија, како одложено плаќање, плаќање без провизија, пријавување на дефекти како и други услуги кои ќе можат да ги добијат во наплатниот центар.

ЈКП “Водовод“, “Комуналец” и “Нискоградба“ отворија нов наплатен центар во новиот пазар во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)