Деновиве во Велес се одржа финалето на натпреварот за најгласна ученичка заедница на Македонија, на кое учествуваа ученици од Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола, од ученичката заедница и детето правобранител. Тимот настапи со паролата “Изборот не е тој што не дефинира како луѓе, туку ангажманот и борбата за остварување на истиот“.
Во финалето во Велес тие го освоија првото место и наградата “Најгласна“, а во тимот беа Мартин Кочишки – претседател, Дончо Јанкула – претставник на Младинскиот актив и Евгенија Маслинко – Дете Правобранител.
Тимот се подготвуваше и настапи под менторство на психологот Елена Кузмановска, а беспрекорно го претставија ставот на младите, кој секогаш е ислушан од директорката, помошник директор, стручната служба и наставниот кадар во Гимназијата.

Учениците од ученичката заедница на Горната Гимназија и детето правобранител “Најгласни“, победници во финалето (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола





