Во Ректоратот на УКЛО Битола одржана е работна средба со претставници од Вишеградскиот фонд чиишто активности се прошируваат во земјите од Западен Балкан.
Главна тема на дискусија беше проширување на соработката, посебно во делот на студентски стипендии и други форми на мобилност на академски кадри и соработка, што се овозможени од флексибилноста на програмите што ги нуди Фондацијата.
Извршниот директор на Вишеградската фондација, Петар Мареш, кој на средбата присуствуваше со дел од својот тим, ги претстави можностите за соработка и вклучувањето на УКЛО.
Покрај ректорот Игор Неделковски и проректорката за студентски работи, Јасмина Буневска – Талевска, на средбата учествуваа и академски кадри од УКЛО.
По работиот дел, гостите одржаа презентација за студенти од УКЛО.

Нови можности за академска размена меѓу УКЛО Битола и Вишеградскиот фонд
More from ВестиMore posts in Вести »
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола





