Денес, среда, 17 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Температурата во Битола до 21 степен.
Утре, четврток, 18 мај, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Од пладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 19 степени.