Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите МНК ИКОМ им додели пофалници за 2022 година на вработени од НУ Завод и музеј од Битола, на д-р Ирена Ружин – за Музејски работник на годината и Наде Геневска Брачиќ – за Музејски проект на годината за проектот “Грло елемент од народна носија“.
Оваа година традиционално советување на МНК ИКОМ се одржа во Музејот на современата уметност во Скопје, во пресрет на 18 Мај – Меѓународен ден на музеите. Темата на советувањето беше “Музеи, одржливост благосостојба“.
На советувањето свое излагање имаа вработените од НУ Завод и музеј, Д-р Ирена Ружин и м-р Јове Парговски со наслов “Што правиш ти за другите?“, со осврт кон пристапноста и инклузијата во музеите како значаен сегмент за постигнување благосостојба за посетителите.

За Ирена Ружин награда за музејски работник на годината, за Наде Геневска Брачиќ за Музејски проект на годината (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола





