Денес, на 22 мај, интернационалниот ден на биолошката разновидност учениците од земјоделското училиште “Кузман Шапкарев“ од Битола со своите соученици, партнери од Франција и Италија, ги започнаа активностите на тема “Биодиверзитетот и пчелите во Европа”.
-Постои нераскинлива врска помеѓу природата и човечкиот живот. Ние сме зависни од здрави, разновидни природни системи за нашата храна и здравје во неверојатна мера. Затоа, 22 мај е прогласен за Меѓународен ден на биолошката разновидност за да се подигне свеста за неколку прашања за биолошката разновидност. Активностите кај учениците ќе допринесат за да се зголеми разбирањето и присутноста на проблемот со биолошката разновидност, истакнуваат од средното земјоделско училиште.

СОЗУ “Кузман Шапкарев“ го одбележа Интернационалниот ден на биолошката разновидност
More from ВестиMore posts in Вести »
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени





