Денес, почнаа работните активности за реализација на проектот “Изградба на коловоз на улица СРУ 5 во АРМ 1“. Секретарот на општина Битола, Борче Димитровски, заедно со стручните служби од општинската администрација, извршија увид на теренот и со изведувачот разговараа за динамиката на реализација на проектот.
Согласно склучениот договор, улицата ќе биде асфалтирана во должина од 180 метри, а рокот за изведба на работите е 30 работни дена. Минатата градежна сезона во овој дел, општината инвестираше во изградба на водоводна мрежа.

Започна изградбата на коловоз на улица “СРУ“ во “Касарната“
More from ВестиMore posts in Вести »
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени





