Натпреварот Еурофарм Пелистер – Тиквеш ќе се одигра в сабота, на 27 мај, од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Билетите за натпреварот ќе се продаваат почнувајќи од петок, 26 мај, од 15:00 часот на повеќе пунктови пред спортската сала „Боро Чурлевски“. Во билетот, по цена од 250 денари, ќе биде вклучена и зелена шампионска маичка, која ќе ја добиете при купувањето на секој билет. Ве молиме да ја понесете со себе и да ја „обоиме“ спортската сала во зелено за време на натпреварот.
Почитувани, после 18 години шампионската титула во ракомет се враќа во Битола. Тоа претставува голем повод за славење.
По тој повод РК Еурофарм Пелистер ги повикува своите пријатели, симпатизери, навивачи, Чкембари и сите искрени наши подржувачи, в сабота заеднички да ја прославиме шампионската титула за сезоната 2022/23.