Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдени украдени предмети, физички напад, почина затвореник, каснувања од кучиња скитници

На 26 и 28.05.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица од општа надлежност при СВР Битола по преземени мерки и активности на подрачјето на Битола пронајдоа и им вратија на сопствениците претходно украдени предмети. Имено, од правно лице од Битола биле одземени предмети од нива во атарот на село Могила, а од 31 од  Битола од вело-паркинг на ул. “Столарска“ во Битола, бил одземен велосипед, негова сопственост, кои биле пронајдени и вратени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 28.05.2023 во СВР Битола Ш.В. (31) од Битола пријави дека на ул. “Петта“ во близина на место викано “Црквичето“  нејзиното малолетно дете било физички нападнато од страна на двајца малолетници, а еден од малолетниците и се заканувал со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 28.05.2023 во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола починало 60 годично лице од Кичево кој имал здравстевни проблеми, а бил на издржување на казна затвор во КПУ Затвор Битола. Од страна на Јавен Обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 28.05.2023 во СВР Битола Р. Ч. (41) од с.Крклино,битолско пријави дека на ул. “Широк Сокак“ во Битола бил каснат од куче скитник.

На 28.05.2023 во СВР Битола Т. С.(76) од Битола пријави дека на ул. “Партизанска“ во Битола, била касната од куче скитник.

На 28.05.2023 во СВР Битола Г. Д. (32) од Битола пријави дека во с. Ѓавато, битолско неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »