Пред 22 години на денешен ден во близина на селото Гајре, загинаа Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски од Битола и Новаци, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година.
По повод годишнината од нивното загинување пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители.
Во нивна чест, во име на општина Битола, на двете локации цвеќе положи заменик градоначалникот Бојан Бојковски, како и семејствата на загинатите, колегите, воени старешини, делегации од политичките парии, Сојузот на борци и други поединци и здруженија.
Организатор на комеморативните настани е Министерството за одбрана – Регионално одделение за одбрана Битола, кои покрај чествувањето на претходно споменатите локации, организираа полагање цвеќе на гробовите на загинатите во Битола и Новаци.
Во текот на денот се одржува меморијалниот турнир во мал фудбал во спортската сала „Боро Чурлевски“, по што ќе бидат доделени дипломи и благодарници.

Оддадена почит на загинатите бранители од Битола и Новаци кај Гајре
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“





