Ученици и родители од завршните одделенија од дел од основните училишта од Битола возеа велосипеди од спортската сала “Боро Чурлевски“ до Зоолошката градина. Потоа во Зоолошката градина низ игра и песна се прослави Светскиот ден на животната средина, 5. јуни, со цел да се промовира концептот на еко-пријателска мобилност преку пригодна програма подготвена од учениците и наставниците, а присутавуваа и родители кои го искажаа своето задоволство од целиот проект.
На крајот од настанот м-р Бојан Стефановски, директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ од Битола им ги додели наградите на најдобрите учесници на изложбата која беше дел од проектот, а воедно се доделија и благодарници на сите учесници.
Прва награда освоија се Леона Лазаревска, Филип Макаријоски, Мартин Кочанковски и Јована Радевска. Втора награда за: Андреј Бошевски, Христина Ивановска и Анифе Џеловска.
Трета награда освоија Мила Дрогишка, Јана Велевска, Томислав Атанасовски и Давид Атанасовски, а наградени беа и менторите: Наташа Настевска, Гордана Јанкуловска, Катерина Солаковска и Наташа Тодоровска.
Настанот беше поддржан од Зоолошката градина – Битола, НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, Ротари Клуб „Широк Сокак“ – Битола, основните училишта „Даме Груев“, „Трифун Пановски“ и „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола. Организатор на настанот е здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“. Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на Европската унија.

На денот на животната средина во Битола “Еко-пријателска мобилност“ – фестивал за еко-мобилност
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“





