На 53 годишно лице од Битола, вработен во општина Битола како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај му е одредена мерка притвор во траење до 8 дена, исвестуваат од СВР Битола.
Кривичната пријава му беше поднесена поради тоа што во периодот, од 12 април 2023 година па се до денес, искористувајќи ја својата позиција и своето влијание како лице задолжено за контрола на превозниците во град Битола, во два наврати индиректно барајќи пари, од пријавителот 41-годишен маж од Битола, кој е управител и сопственик на правно лице за вршење дејност такси превоз, побарал и примил поткуп во два наврати и со тоа сторил кривично дело “Примање поткуп“, предвидено и казниво по чл.357 ст.1 од КЗ, сооштија вчера од СВР Битола.