Пред некое време сообраќајна несреќа се случи на улицата “Васко Карангелевски“ во Битола, пред комплексот кај Новиот пазар, а во неа учествувал автобус марка “исузу“ на РЕК “Битола“ и патничко моторно возила “шавролет спарк“.
На самото место на сообраќајката излезена е сообраќајна полиција и екипа на противпожарната единица на Битола.
Сообраќајката според очевидци на настанот се случи поради нешрилагодена брзина на “шевтолетот“, а има и повредени лица кои се префрлени во Клиничката болница во Битола.
Сообраќајот на “Васко Карангелевски“ е во прекин, а сообраќајната полиција возилата ги пренасочува.