Денес по десет години откакао беше опожарен планинарскиор дом “Копанки“ на Пелистер, започнаа градежните активности за нргова изградба. Диме Попов, претседател на ПСК Пелистер од Битола за започнување на изградбата на “Копанки“ ни рече:
-Иако беше планирано за вчера, денес започнаа градежните работи за изградба на планинарскиот дом “Копанки“. Денес со градежна машина започна внатрешното рушење на оштетените ѕидови од тули, а според изведувачот на работите, градежната компанија “Стентон Градба“ тоа ќе биде завршено за неколку дена. Потоа ќе започне изградбата на планинарскиот дом според проектот. Изградбата на “Копанки“ ќе биде според проектот, а секако ќе има и надзор за тоа како ќе се изведува градбата.

Фото вест: машини на Пелистер, започна изградбата на “Копанки“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“





