Во основното училиште Елпида Караманди, започна реализацијата на проектот за реконструкција на тоалети за лица со посебни потреби и замена на кровна подконструкција и кровен покривач на објектот, согласно издаденото решение за реконструкција од Општина Битола. Проектот се реализира врз основа на трипартитниот договор помеѓу училиштето, општината и Министерството за образование и наука, со кој се регулираат меѓусебните обврски на договорните страни.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на почетокот на активностите и со директорката Татјана Дамчевска разговараше за планираната динамика на реализација, како и за тековното и инвестиционо одржување на објектот. Покрај за овој проект, Коњановски и Дамчевска разговараа и за планираниот дневен престој, за кој училиштето треба да создаде услови за работа со почетокот на новата учебна година.

Реконструкција на покривот и тоалетот за лица со посебни потреби во ОУ “Елпида Караманди“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“





