Менаџерскиот тим на хотелот “Епинал“ со ангажирањето на најголемиот шоумен во Македонија потврди дека терасата “Широк Сокак“ е место каде летово се случуваат најубавите свирки во градот, а битолчани веќе се одомаќинети на ова место.

Тераса “Широк Сокак“ на своите гости им понуди сосема поинаков, нестандарден начин на забава, која од ден на ден станува се популарен и веќе е позната “летна шема“ во градот.

Синоќа Игор Џамбазов пред околу илјада битолчани и фантастичната атмосфера на терасата “Широк Сокак“ им подари два часа музика во која најголем дел изведбите беа блуз точки меѓу кои и неколку авторски заедно со “Гуру Харе“ бенд.

Игор во својот стил на врвен шоумен направија атмосфера исполнета со добар блуз, изреки, мисли и хумор кој само Игор знае на негов начин да ги каже, со душа, до болка а и смеа и уште еднаш покажа и докажа дека во овој свој стил е ненадминлив.

А публиката ја почуствува сета енергија на Игор и “Гуру Харе“ со тоа што цело време пееше и се соживуваше со секоја од изведбите.

Концерт во живо со посебна енергија кој остави впечаток кај сите присутни и кој ќе се памети. Со тоа се докажа дека ваквите забави и концерти во живо предизвикуваат внимание и ни недостастасуваат на сите.

Жанета Ристевска

Игор на терасата на “Епинал“ им подари два часа блуз на битолчани (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





