151 тешка кражба за првите седум месеци од 2023 година споредбено со минатат 2022 кога бројот на пријавени тешки кражби истиот период бил 502 тешки кражби
Во текот на првото полугодие од 2023 година вкупниот број на извршени кривични дела на подрачјето на Битола бележи намалување за -43%. Вкупниот број на поднесени кривични пријави бележи зголемување за 0,7%, а процентуално ефикасноста бележи зголемување за 12%. Како резултат на преземените низа мерки и активности на криминалистичката полиција на СВР Битола остварена е ефикасност од 47 % во делот на откриени сторителите на кривичните дела.
Во текот на првото полугодие од 2023 година вкупниот број на кривични дела кои се извршени на подрачјето на Битола споредбено со минатата 2022 година бележи драстично намалување и изнесува 723.
Во периодот од 01.01.2023-30.06.2023 година од страна на Одделението за криминалистичката полиција при СВР Битола, преземени се низа мерки и активности како и реализирани бројни превентивни активности, односно само 70 превентивни активности за еден месец т.е од почетокот на кампањата на МВР – „Безбедно лето„во насока на заштита на имотот на граѓаните,поголема самозаштита на граѓаните од разбојништва,дрски кражби,измами , злоупотреби на лични податоци,измами при вработувања, заштита од пожари на отворен простор,заштита на шумите од пожари и од незаконска сеча,борбата со недозволената трговија со дрога и оружје како и многу други активности, со што на подрачјето на Битола се бележи намалување за 70,02 % на бројот на извршените тешки кражби споредбено со минатата 2022 година истиот период или 2022 година имало 467 тешки кражби ,а 2023 година бројот на извршени тешки кражби изнесува 140.
* Само за месец јули на подрачјето на Битола вкупно биле пријавени 11 тешки кражби за разлика од минатата 2022 година кога тој број бил три пати поголем од оваа 2023 година или за сите седум месеци од 2023 година имаме вкупно 151 тешка кражба,а истиот период 2022 бројот на тешки кражби изнесувал 502 изнесувал или 351 тешка кражба помалку од минатата година.
Во делот на извршените кривични дела кражби, исто така во Битола се бележи намалување за 46,62% односно ако 2022 кражбите биле 311,овие шест месеци од 2023 година тој број изнесува 166.
Кривичните дела со елементи на насилство како разбојништва исто така бележат намалување во процентот за 14,29 % споредбено со минатата 2022 година при што истите се експресно реализирани со што за 2 разбојништва одреден е притвор на две лица.
Од месец јануари до месец јуни извршени биле прегледи на над 1935 лица и 594 превозни средства.
Со Наредба од Основен суд извршени биле вкупно 62 претреси во дом и други простории , лишени од слобода биле 133 лица ,приведени по потерница 3 лица ,а одредени биле и четири притвори . При претресите пронајдени и одземени биле разни водови на дрога ,оружје и муниција од различен калибар.
Во делот на недозволената трговија со дрога и оружје поднесени биле 28 кривични пријави за сторени 37 кривични дела против 38 сторители.