Денес Битола ја посети истакнатиот адвокат Тома Фила, од Белград -Србија, роден во Битола, кој дел од летото поминува во Охрид, заедно со неговите пријатели исто така битолчани академик Владо Камбовски и проф. д-р Игор Камбовски.
Посетата на својот роден град ја искористи за кафе средба со стипендистите на фондацијата “Тома Фила“ која функционира во рамки на Универзитетот “Св.Климент Охридски“ од Битола, а се доделува на најдобриот студент на правните студии, со можност стипедистот да практикува во адвокатска канцеларија по свој избор заради стекнување на стаж за полагање на правосуден испит.
Покрај студентите присутни беа и нивните професори Ангелина Станојовска, Ице Илијевски и Мирјана Ристовска.
Оваа единствена фондација во нашата држава досега има стипендирано шест студенти и тоа: Стефанија Мијаковска, Мерита Шахин, Ивана Кочовска, Христина Тоневска, Сара Стрезовска и Ангела Јовчевска.
Домаќин на средбата беше адвокатот Никола Главинче. На овој начин Фила и Главинче го продожуваат повеќе децениското наследено пријателство на нивните претходници – еминентните адвокати и истакнати борци за човекови права Филота Фила и Сотир Главинче.
Текст и фото: С.Ристевски






