Денес, сабота, 19 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови можност за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 34 степени. UV=7.
Утре, недела, 20 август, во Битола времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 38 степени. UV=7