Вечерва на плоштадот “Магнолија“ во Битола беше одржан 4. по ред протест на битолските пензионери кој го организира Иницијативниот одбор, а на присутните прво им се обрати претседателот, Дано Чолаковски, а потоа зборуваа и три пензинерки.
На протестот се зборуваше за зголемувањето на пензиите, а беа повторени барањата најниска мининална пензија да биде над 18.000 денари и да има линеарно зголемување на пензиите. На протестот беше искажано незадоволство од министерката за труд и социјала и не беа прифатени нејзните предлози.
По протестот се одржа мирен протестен марш од “Магнолија“ до Офицерски дом со кој пензионерите го искажаа незадоволството, а новиот протест пензионерите го закажаа за идниот вторник.

4. по ред протест на пензионерите на “Магнолија“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Заврши првото издание на Винскиот фестивал во Битола, “Љубојна“ и “Паркети“ за одлична атмосфера (фотогалерија)
- Младите “пелистерци“ со два гола во завршницата во Битола го победија Куманово
- Утре “второ“ полуфинале во Битола, Стајиќ: сакаме реванш, па мајсторка нека одлучи…
- Пелистер во Битола со висока победа над Шкупи (фотогалерија)
- Соопштение на ЕСМ Молика: по инспекциските надзори во кујната на РЕК “Битола“ продолжува со работа





