Press "Enter" to skip to content

Нови серенади испеани на “Ех, таа серенада“ во Битола, ги разнежија битолчани со посебни емоции (мега фотогалерија)

-“Ех, таа серенада…“  зборуваа сите после по завршувањето  зна Фестивалот на серенадата разнежени од звуците, стиховите… кои ги ислушаа синоќа на вечер посветена на староградска музика  во Центар за култура во Битола.

“Ех, таа серенада” е првото официјално издание на фестивалот, но и навраќање на традициите карактеристични за конзулска Битола, на серенадата како музички жанр, по кој е препознатлива Битола.Првото издание на Фестивалот на староградска песна „Ех таа серенада во органзиација на ЈОУ КИЦ Битола синоќа се одржа во преполната  сала на Центарот за култура. За фестивалот голем интерес,  беше закажан и требаше да се требаше да се одржи на платото пред Офицерскиот дом Битола. Но, заради неповолните временски услови неколку часа пред одржувањето беше презакажан и се одржа во Центарот за култура. Вљубениците на  серенади и староградска музика уживаа во новите песни кои синоќа се изведоа. 

Од 74 авторски песни, кои беа приајвени на конкурсот пред фестивалот беа избрани 16 авторски песни кои публиката можеше да ги слушне во фестивалот.16 нови композиции од познати автори на музика, текст, аранжман во изведба на естрадни уметници меѓу кои и доајени на македонската забавна и народна  музика.Драган Мијалковски, Перо Христов, Мишко Крстевски, Катерина Таневска, Софија Кочовска, Елена Георгиевска, Трио Џентлмени, заедно со Билјана Дамјановска – Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Раде Стаматов, група Боеми од помаладата генерација Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Игор Илиевски, Христијан Тоневски, Никола Зацевски беа изведувачите на новите градски битолски серенади, кои битолската публика ги испратија и наградија со силни аплаузи.Изведувачите пееја во живо, а ги придружуваше Kамерниот оркестар IWConnect под диригентската палка на Владимир Димовски.Водителски пар Јулијана и Васко Мавровски ги најавуваа песните низ стихови, зборува за пајтоните, ергените кои љубовта преку песна ја носеле до срцата на битолските чупи, пеејќи по сокаци, под пенџери и балкони, а како некои велат секогаш добредојдени, иако некои тоа и го премолчувале…

За крај еден стих од испеаните серенади кој како и другите стихови ќе останат во ризницата на нашата македонска староградска песна.

„Сега ти си туѓа велат,

Како ми е, не прашуваш,

Велат време тага брише,

а без тебе не се дише…Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска, Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »