Фудбалскиот клуб Јени маале од Битола продолжува да ги изненадува и радува најмалите, откако денес го посетија Центарот за поддршка на учењето на децата со попреченост во основното училиште “Ѓорѓи Сугарев“ од Битола. ФК Јени маале оваа година сакаше да им го разубави претпразничниот период на најмалите и затоа организираше предновогодишно дружење и изненадувања за секое детенце од Центарот за поддршка на учењето.
Фудбалерите на Јенимаале, со насмевки и топла енергија, ги пречекаа децата од Центарот за поддршка. Во срцата на овие дечиња, скромните желби за топла насмевка станаа реалност.
-Доколку празниците за многумина се период на изобилство, за овие дечиња тоа се денови на топлина и внимание. Овие дечиња се навистина скромни, тие посакуваат само топла насмевка и малку внимание, а за возврат ни пружаат безусловна љубов и благодарност. Сакаме да ја поткрепиме и поттикнеме мислата на дечињата дека празниците се денови кога се случуваат најубавите работи и се остваруваат желбите.
Од клубот велат дека нивните претставници секогаш ќе се грижат за овие дечиња и најавија дека оваа традиција ќе продолжи и во иднина.

ФК Јени маале ги стопли срцата на децата во Центарот за поддршка на учењето во ОУ “Ѓорѓи Сугарев“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Младите иноватори од Битола со големи идеи во трката за „Средношколец милионер“ (линкови за гласање)Младите иноватори од Битола со големи идеи во трката за „Средношколец милионер“ (линкови за гласање)

- „Cine Delfi“ штотуку излезе од печат, а Румена Бужаровска го носи пред битолските читатели
- Нема викенд без пиедестал за битолски Олимп
- Еурофарм Пелистер се враќа на меѓународните натпревари, Червар: мора да бидат борбата и волјата поголеми
- Баланс+ со поддршка за едукацијата и грижата за лицата со дијабетес




