Press "Enter" to skip to content

Кампања “недела на безбедност“, денес “критична маса“ и изложба на вело-фотографии

Во рамките на кампањата „НЕДЕЛА НА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ“, денес продолжи теренската работилница „ЗА БЕЗБЕДНИ УЛИЦИ“, на потегот кај хотел “Епинал“ на спојот помеѓу Ул. “Ленинова“ и Ул. “Димитар Илиевски Мурато“.

-Задоволни сме што до сега активностите се одвиваат според официјалната агенда, а за денес во 17:00 часот во Магазата пру НУ Музеј Битола, имаме изложба на „ВЕЛО-ФОТОГРАФИИ“ авторство на „Битола на точак“, а ќе биде презентирана предлог мапа „Битола ВЕЛО-РУТИ“. Подоцна, околу 18:00 часот ќе ја извозиме критична маса 52 – БЕЗБЕДНА ВЕЛО-ИНФРАСТРУКТУРА – РУТА „Магнолија-мост пред Безистен, Бул1-ви Мај, кружен тек Педагошка, ул. „В. Карангелевски“, кружен тек кај “Веро“ кон “Партизанска“-Музеј-со пешачење по Широк Сокак до “Магнолија“, со поддршка на „Битола на точак“, обезбедена од СВР Битола и потпомогната од Црвен Крст Битола, ни соопшти д-р Јасмина Талевска од Општинскиот Совет.